ЗАГЛАВЕНИ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ВО УНГАРИЈА: МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА НЕ НИ ПОМАГА ДА ЈА НАПУШТИМЕ ЗЕМЈАТА
„Ние сме 20 дена на унгарската граница и нашата амбасада во Унгарија не ни помага. Унгарците ни викаат одете во македонската амбасада а таму никој не сака да разговара со нас. Малтретирани сме и немаме чаре што да правиме. Срамота за нашата земја Македонија бидејќи не ни помага“, стои во писмото испратено до нашиот портал Трибуна од група граѓани кои не можат да излезат од Унгарија.