| |

БОКИ 13: ЗАЕВ ИМ ВЕТИЛ НА КИЧЕЕЦ И АНА КАМЧЕВА ДЕКА ЌЕ СЕ ПОТРУДИ ДА ЈА ОЛЕСНИ ПОЛОЖБАТА НА ОРЦЕ КАМЧЕВ

Ана Камчева и Зоран Милески-Кичеец биле во кабинетот на Зоран Заев и неколку амбасади, кажа обвинетиот Бојан Јовановски во случајот „Рекет“, посочувајќи дека при една од средбите, Камчева и Милески-Кичеец од Заев добиле ветување дека ќе направи се што може да ја олесни положбата на Камчев во случајот „Империја“, кој во тој период бил во затвор, јавува Макфакс.

Јовановски рече дека осудениот Зоран Милески и сопругата на Камчев имале неколку средби со Заев. Образложувајќи ги случувањата, Јовановски дополни дека Заев сметал дека поради „Империја“ не смеело да трпат бизнисите на осомничените.

Јовановски сведочеше дека имало обиди од страна на Зоран Милески-Кичеец, да го натера да влијае врз Јанева, на што Јовановски му одговарал дека до неа не може никој да припари.

Но, освен влијание врз Јанева, според сведочењето, Милески-Кичеец барал Јовановски да влијае и кај градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, за изградба на висококатница, а за возврат добил ветување дека ќе има студио за „1ТВ“ и шопинг центар.

„Тогаш бевме пријатели со Стефан Богоев. Сега веќе имам поднесено кривични пријави против него, но не се поврзани со овој предмет“, објасни Јовановски.

Слични Објави