По земјотресот во Италија: затворени училишта, домот за стари лица евакуиран, зградите оштетени, граѓаните на улица
Силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала утринава ја погоди областа меѓу Тоскана и Ромања, а епицентарот бил на 3 километри од Маради.
Училиштата беа затворени во неколку општини, а луѓето во страв излегоа на улиците.
По силниот земјотрес, имало неколку последователни потреси, јавуваат италијанските медиуми.
Во Тредочи оштетени се згради, меѓу кои и општинските, а десетина лица се евакуирани од домот за стари лица.
Градот Тредоцио, веќе погоден од поплави, се наоѓа недалеку од Маради, во Тоскана, каде што се случи главниот земјотрес, но следуваа и неколку последователни потреси, од кои најмалку четири беа со јачина од 3 степени.
„Сите излегоа од своите куќи, ги чекаме пожарникарите да интервенираат, по поплавите, ни претстојат потешки денови“, изјави градоначалничката на Тредочи, Симона Виетина.
Градоначалникот на Триберти во провинцијата Фиренца одлучи денеска да ги затвори сите училишта.
Затворени се и училиштата во Борго Сан Лоренцо и Модиљани.
Засега нема извештаи за повредени.