ПОЧИНА ЏЕК ШЕРМАН, ПОРАНЕШНИОТ ГИТАРИСТ НА „РЕД ХОТ ЧИЛИ ПЕПЕРС“

Во светските медиуми денеска одекна веста за смртта на Џек Шерман, кој славата ја стекна додека беше гитарист на групата „Ред Хот Чили Пеперс“. Тој почина во 67-тата година од животот, а за сега не се познати причините за смртта.

Членовите на групата, на емотивен начин се збогуваа со својот пријател и колега.

„Беше единствен. Му благодариме за времето што го помина со нас – доброто, лошото и она помеѓу нив”, напишаа членовите на познатата група.


За потсетување, Шерман свиреше на деби албумот на групата во 1983 година, „Freaky Styley“, како замена за нивниот тогаш водечки гитарист, Хајл Словак. Исто така учествуваше и во создавањето на вториот стдиски албум на „Ред Хот Чили Пеперс“, „ a пред излегувањето на албумот, во 1985 година, Словак се враќа во групата.

Сепак, по излегувањето од „Ред Хот Чили Пеперс“, тој станува баран музичар, па остварува соработка со голем број бендови и познати артисти, меѓу кои и Боб Дилан и Џорџ Клинтон, а секако учествува во создавањето и на други албуми на „Пеперси“.

На официјалниот „Јутјуб“ канал на групата, вчера беше ставено видео во негова чест.