TАТКО И СИН НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ

Двајца жители на Дебар, татко и син, заработија кривични пријави за физички напад врз полициски службеници.

„Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „загрозување на сигурноста” и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”, Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против У.Ј.(55) од Дебар, како и против Е.Ј.(18) од Дебар, за сторено казнено дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие”, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни равботи од Охрид.

Додаде дека тој на 5 август во 17:15 часот, на главната улица во градот „Братство Единство” Е.Ј. откако бил сопрен со мопед, одбил да ги даде личните и возачките документи на полициските службеници.

„Наспроти тоа започнал вербална расправија со полициски службеници кои вршеле контрола во сообраќајот. По кусо време, во вербалната расправија се вклучил и У.Ј. кој агресивно се однесувал кон полициските службеници, а потоа и физички ги нападнал“, посочи Димоски.

Низ улиците во градот не е мал бројот на млади кои се движат со мопеди и со голема брзина, кои и во текот на ноќта ги вознемируваат жителите на градот со бучавата што ја создаваат.