(Видео) Евакуирани сите 367 патници од авионот што се запали во Токио
Евакуирани се сите 367 патници од авионот што се запали во Токио, објави „Јапан ерлајнс“, пренесуваат светските медуми.
Според првичните информации, авионот се запалил за време на слетувањето на пистата на аеродромот „Ханеда“ во Токио.
Дел од јапонските медиуми јавуваат дека дошло до судир помеѓу два авиона, а едниот од нив се запалил.
