ВМРО-ДПМНЕ со број 9 на изборите, СДСМ ќе трча со број 5
Државната изборна комисија (ДИК) денеска преку жрепка ја утврди единствена листа на кандидати за Локалните избори 2025. Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на избирачкото ливче на локалните избори ќе биде под број 9, додека опозициската СДСМ е со број 5. Ова е листата со редни броеви под кои ќе се најдат партиските кандидати за градоначалници на претстојните локални избори:
1.Искуство за успех
2. ЗНАМ
3. Демократска партија на Србите
4. Национална Алијанса за интеграција НАИ-ДУИ
5. Коалиција за локални избори 2025 – СДСМ
6. Левица
7. Коалиција Влен
8. Коалиција за Зелена иднина
9. Коалиција „Твоја Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕ
Изборната кампања за изборите започнува в понеделник на 29 септември а завршува на 17 октомври односно 24 часа пред изборите. Граѓаните ќе избираат градоначалници и совети на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи на 2 ноември.
