| |

Стилијана Николова со злато и сребро на Светскиот куп во ритмичка гимнастика во Милано

Бугарската гимнастичарка Стилијана Николова освои златен и сребрен медал во финалите по справи на Светскиот куп во ритмичка гимнастика во Милано, јавуваат бугарските медиуми.

Николова триумфираше во натпреварот со лента со 28,650 поени, пред Арина Ковшова со 28,300 и Тахмина Икромова со 28,250 поени.

На чуневи го освои сребрениот медал со резултат од 30,300 поени. Победи олимписката, светска и европска шампионка Дарја Варфоломеев од Германија со 31,000, додека трета беше Даниела Муниц од Израел со 30,150 поени.

Во финалето со топка, Николова заврши на седмото место со 27,550 поени. Златото го освои Варфоломеев.

Бугарскиот состав во вежбата со пет топки го зазеде петтото место со 24,850 поени. Победи Шпанија, пред Бразил и Кина.

Натпреварот во Милано беше последна проверка пред Светското првенство во Франкфурт, кое ќе се одржи од 12 до 16 август и ќе биде прва квалификација за Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

Слични Објави