ПОЧИНА ЅВЕЗДАТА ОД „МОНТИ ПАЈТОН“ ТЕРИ ЏОНС

Ѕвездата од „Монти Пајтон“ Тери Џонс почина на 77 годишна возраст, соопшти неговото семејство.

„Тери почина вечерта на 21 јануари 2020 на 77 годишна возраст до својата сопруга Анна Содерстром, по долга и тешка борба со ретка болест“, се вели во официјалното соопштение.

Тери Џонс е велшки комичар и автор на сценариото на „Монти Пајтон и Светиот граал“.

Џонс е режисер на неколку филмови меѓу кои „Erik the Viking“ (1989) и „The Wind in the Willows“ (1996).

Џонс беше водител и на емисија за крстоносните походи емитувана на ВВС.