Северна Кореја со објава за американскиот војник: Во притвор е, во Пјонгјанг
Северна Кореја потврди дека американскиот војник Тревис Кинг, кој влегол на нејзина територија без дозвола, е во притвор, соопшти денеска Командата на Обединетите нации.
Командата додаде дека во овој момент нема да дадат повеќе детали за одговорот на Пјонгјанг, јавува Би-Би-Си.
„Не сакаме да се мешаме во напорите да го вратиме дома“, се наведува во соопштението.
Пентагон претходно соопшти дека севернокорејските власти го уапсиле војникот Тревис Т. Кинг, кој им се придружил на американските сили во 2021 година и оттогаш се соочува со дисциплински мерки.
Се верува дека Кинг е првиот американски војник кој влегол во Северна Кореја од 1982 година.
Командата на ОН, која ја контролира демилитаризираната зона на границата меѓу двете Кореи, бараше информации за Кинг користејќи ја својата директна телефонска линија со севернокорејската војска во Заедничката безбедносна зона.
Севернокорејците претходно го прифатија барањето, но ова е првпат да одговорат, потврдувајќи дека американски војник е во нивен притвор.
Пред да ја премине границата, Кинг отслужил два месеци затвор во Јужна Кореја под обвинение за напад. Тој беше ослободен на 10 јули. Тој требаше да лета назад во САД за да се соочи со дисциплинска постапка, но успеа да го напушти аеродромот, од каде што пребегна на север.
