Почина легендата на бугарскиот куклен театар Слава Рачева
На 88-годишна возраст почина легендата на бугарскиот куклен театар Слава Рачева, соопштија од Сојузот на артистите во Бугарија, пренесува БГНЕС.
„Со неа заминува цела една епоха, исполнета со магијата на детството, добрината и оној незаборавен глас кој со децении ни посакуваше „Добра ноќ“.
Родена во Софија во 1938 година, Слава Рачева го посвети својот живот на уметноста – од ангелското пеење во Хорот на софиските девојки до големата сцена на Софискиот куклен театар. Иако дипломира актерска уметност во класата на проф. Крсто Мирски и Моис Бениеш, нејзиното вистинско призвание до крај останаа куклите и децата.
Во 1961 година таа му вдахна живот на ликот што ја претвори во национално богатство – Педа човек – лакот брада. Со него таа го премина прагот на секој бугарски дом за да раскажува приказни што воспитуваа генерации.
Повеќе од 80 улоги на театарската сцена, меѓу кои омилените Макс, Мечо Пух и Бабата од „Рибарот и златната рипка“.
Незаборавен глас од радиото, синхронизацијата и десетици грамофонски плочи со приказни за добра ноќ.
Достоен раководител како директор на Столичниот куклен театар во тешките години меѓу 1992 и 1997 година.
Поради своите исклучителни заслуги кон бугарската култура таа е одликувана со орден „Св. св. Кирил и Методиј“ со огрлица – признание за светлината што ја ширеше преку својот талент.“
Светол пат на еден голема актерка и уште поголем човек.

