| |

Роберта Мецола на бугарски им честиташе и им посака „Добредојдовте“ на бугарските граѓани во еврозоната

„Честитки, добредојдовте!“

Ова го изјави на бугарски јазик претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола по повод приемот на Бугарија во еврозоната, пренесе БГНЕС.

„Прифаќањето на еврото од страна на Бугарија е повод за гордост и за земјата и за Европската Унија. Тоа веќе го олеснува секојдневието и отвора нови можности за луѓето и за бизнисот. Овој парламент срдечно ја поздравува Бугарија во семејството на еврозоната“, изјави Мецола пред европратениците.

Слични Објави