ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ЛИДЕР НА ИСЛАМСКИ ЏИХАД РАМАДАН ШАЛАХ

/

Почина поранешниот лидер на палестински Исламски џихад, Рамадан Шалах, откако не успеа да се избори со болеста, јави телевизијата Ал-Манар.

Шалах (62), од 1995 до 2018 година беше генерален секретар на оваа милитантна група, што е поддржана од Иран.

Телевизијата Ал-Манар не кажа од што боледувал.

Исламски џихад постојано извршува напади врз Израел и сака да формира исламска палестинска држава.



САД, Европската унија и други држави Исламски џихад го прогласија за терористичка организација.

Претходна статија

ШИЛЕГОВ Е ВО МАВРОВО НО МИСЛИ НА СКОПЈЕ

Следна статија

БРАЗИЛСКАТА ВЛАДА ОБВИНЕТА ДЕКА ГО КРИЕ ТОЧНИОТ БРОЈ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19

Најново од Вести