|

ПОЧИНА ШТИПЈАНЕЦОТ ЗА КОГО НЕГОВИОТ СИН СОБИРАШЕ ДОНАЦИИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Почина  штипјанецот Ристе Донев, за кого неговиот син Михаило собираше донации на социјалната мрежа facebook. 53годишниот текстилен работник рано утринава ја изгубил битката со вирусот.

Неговиот син Михаило побара да им се помогне со финансиски средства за да може да го лекуваат во приватна клиника.За да го спасат им беа потребни минимум 12.000евра. Неговото име и презиме ќе се најде на листата со пациенти за кои нема место  во државните клиники. Неговиот син тогаш изјави дека и покрај дебелите врски кој ги повлекол, не успеал да најде слободен кревет

   „За лекуваање на државно, пробавме секаде, па дури и преку министерот Филипче. Единствено место имаше во Козле, меѓутоа таму ми рекоа дека е за полесни пациенти и ништо не успеавме да направиме на државно и покренамае иницијатива за хоспитализирање во приватна клиника„-изјави неговиот син Михаило Донев. 



Слични Објави