|

Почитуван г. Мицковски и експертите за надворешна политика

Facebook статус на Александар Панев

На страна да оставиме за ајвар, пинџур и полнети пиперки, вие сте лидер на партија која се води барем на зборови по историското ВМРО, но малку е чудно и не вкусно да не ги признавате половината од историските ликови во историските процеси на самата организација.

Навистина е чудно што сакате да направите монопол врз патриотизмот, не сте само вие патриот, и други сакаат да ја видат Македонија во ЕУ, знам дека нема да прочитате, но ако случајно ви пренесат, би ви помогнал како да го откачите процесот, барем со Софија, но владеење на правото, администрација, криминал, непотизам, партизација пак остануваат сериозно да висат како дамоклов меч над Македонија.

Знаете, вие што ги прозивате тие од другата страна на Деве Баир, денес, дека не биле коректни, требаше да лобираат за нас, да бидат машината што ќе влече за наша брза интеграција, искрено прашање, со кого и како разговарате во Софија да се надминат стогодишните отрови?

Лесно е да се обвинува, но уште полесно е да се отиде и братски да се реши, верувајте, нема да ви падне круната македонска во Софија, напротив може и да најдете братска рака да ви ја врати, ако ви падне… Но треба вистински збор и дела, ова денес е инат, а инат без солзи нема..

Велите само вие и никој друг не ја сакал Македонија и не се борел?

Треба храброст и чест, дали ја имате, до сега е гол ПР и пропаганда, а на крајот сметката ќе ја платиме сите во Македонија, едни порано, други подоцна, но ќе ја платиме..

Слични Објави