ПОЧНА СРЕДБАТА ЗАЕВ-ЦИПРАС ВО СОФИЈА
Почна средбата меѓу премиерот Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас во рамките на средбата ЕУ-Западен Балкан што се одржува во Софија . Двајцата премиери ќе се обидат да ги надминат нерешените
прашања за употребата на новото име на нашата земја и промените во нашиот устав. Од разговорите се очекува премиерите да го поддржат продолжувањето на процесот, како и обидите да се приближат позициите за прашањата што се уште се отворени. Заев и Ципрас нема да имаат заедничка изјава по состанокот, туку ќе одржат посебни брифинзи за новинарите.