| |

ПОЧНУВА 9. ШКОЛА ЗА МЛАДИ ЛИДЕРИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ

Четириесет учесници и триесетина предавачи од Македонија, Европа и светот ќе бидат дел од деветтата Школа за млади лидери која ќе се одржува во Струга од денеска до 30 август. На свеченото отворање на Школата во Струга, покрај претседателот Иванов, обраќање ќе има и поранешниот претседател на Летонија Валдис Затлерс.

Оваа година програмата на Школата за млади лидери ќе биде фокусирана на најдобрите практики и знаења за развој на еко-системи за поттикнување на стартап, мали и средни претпријатија, како и деловното истражување и иновациите воопшто.

Меѓу предавачите годинава ќе бидат Дејвид Голдсмит, еден од водечките експерти за бизнис-менаџмент и лидерство, Озгур Торт, главен извршен директор на „Мигрос груп“, Штефан Петер, претседател на Извршниот одбор на „ЕВН Македонија“, Пинар Ајваз Арикан, генерален директор на „Туркиш ерлајнс“ во Скопје, Есер Џевахир, директор на „Џевахир холдинг“, Сани Шенер, извршен директор на „ТАВ аеродроми“, Бајбарс Алтунташ, претседател на Инвестициониот форум за светски бизнис-ангели, Дејвид Бекет, TEDx тренер, Снежана Живчевска-Сталперс, менаџер на проекти во ИБМ.

Школата за млади лидери е лична иницијатива на претседателот Ѓорге Иванов. Програмата на Школата опфаќа предавања и обуки во сферите на лидерството и менаџментот од еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции, менаџмент-симулации и практични вежби.



Слични Објави