|

ПОЧНУВА КАМПАЊАТА ЗА ИЗБОР НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ШТИП И ПЛАСНИЦА

Петмината кандидати кои влегоа во трката за избор на градоначалник на Штип од денеска ја почнуваат кампања за изборите закажани за 13 декември.

Поради актуелната состојба со коронавирусот, нема да има митинзи и собири по населбите, , а промоцијата на програмите ќе ја прават преку медиумите, социјалните мрежи, билборди, додека флаерите ќе се делат на дистанца.

Кандидати за градоначалник се: Симон Поликарп од Интегра-Македонска кознервативна партија, Сашко Николов од СДСМ, Трајче Митев независен кандидат, Гоце Ангелов од коалицијата „Иднината во наши раце“ и Лазар Наумов од партијата ТМРО.

Кандидати за градоначалник на Пласница се Алија Јахоски од ДУИ и Рамазан Шерифовски од Движењето за национално единство на Турците.

ВМРО-ДПМНЕ по седницата на Извршниот комитет објави дека нема да учествува на овие избори. Тие бараат да се одложат изборите, бидејќи здравјето на граѓаните во моментов им е важно.

Изборната кампања почнува од денеска, а ќе трае до 10 декември. Kовид – болнитe и оние кои имале контакт со нив ќе гласаат на 11, болните и изнемоштени и осудените лица на 12, а на 13 декември е првиот изборен круг.

Ковид-болните и изолираните за гласање ќе се пријавуваат по електронски пат, додека болните и изнемоштени лица рокот за доставување на документацијата им е до 5 декември.

Изборите во Штип и Пласница се рапишани откако нивните градоначалници, Благој Бочварски и Исмаил Јахоски беа избрани за пратеници, а Бочварски потоа беше и назначен за министер.

Последните локални избори се одржаа на 15 октомври (првиот круг) 2017 година, кога СДСМ и ДУИ, настапувајќи во коалиција обезбедија убедливо најмногу градоначалнички места и мнозинство во повеќе општини.

Во меѓувреме, имаше уште едни дополнителни избори за градоначалници во три општини: Охрид, Дебар и Ново Село. Овие дополнителни избори се одржаа паралелно со претседателските избори пролетта 2019 година. Во Охрид и во Дебар дополнителните избори беа распишаа поради ненадејната смрт на претходните градоначалници, додека тогашниот градоначалник на Ново Село поднесе оставка откако беше осуден на затворска казна.

Слични Објави