|

ПОЧНУВА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ЗВУЦИ НА ЧАРШИЈАТА“!

Во Старата скопска чаршија од вечер до четврток ќе се одржува мултимедијалната и мултикултурна манифестација „Звуците на чаршијата“.

Манифестацијата ќе почне во 20 часот со концерт на Туна во Куршумли ан. На програмата се уште два концерта, од 21 и од 22 часот.

Во програмата предвидени се музички концерти, ликовни колонии, театарски претстави, филмови, стендап-комедија и литература на повеќе локации: улиците на Старата скопска чаршијата, плоштадите, на Скопското кале, во Куршумли ан, Сули ан….

Традиционалната манифестација годинава се одржува по 14-ти пат и има за цел да ја заживее Чаршијата.



Слични Објави