ДЕВЕТ ГОДИШНО ДЕТЕ ПАДНА ВО ВАРДАР КАЈ КАМЕН МОСТ ВО СКОПЈЕ – ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ГО СПАСИЈА
Околу 14 часот, во близина на Камен мост во Скопје во реката Вардар се случуваше вистинска драма, откако девет годишно дете падна во реката, јавува ТВ21.
Како што соопшти МВР, веднаш интервенирале полициски службеници од Полициската станица – Центар и од Интервентната полиција по што детето било извлечено и спасено.
