|

Пиперки 90 денари, леќа 110 денари, лимон 55 денари – од среда замрзнати цени на 11 производи овошје и зеленчук

Владата на денешната седница ги замрзна цените на овошјето и зеленчукот кои ќе почнат да се применуваат од среда, 5 април. Опфатени се 11 производи за кои се утврдени највисоки цени со важност до крајот на месецов.

„Свежите домати не може да се продаваат за повеќе од 70 денари, свежите краставици не може да се продваат повеќе од 75 денари, кромидот не може да се продава повеќе од 60 денари, карфиолот не може да се продава повеќе од 7- денари, зелените пиперки не може да се продваат повеќе од 90 денари, гравот не може да се продава повеќе од 75 денари, леќата не може да се продава повеќе од 110 денари, бананите не повеќе од 75 денари, портокалите не повеќе од 55 денари, мандарините не повеќе од 60 денари и лимоните не повеќе од 55 денари“, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој уверува дека, согласно сите анализи, цените на прехранбените производи и на енергенсите се стабилизирани и има тренд на намалување споредено и со претходните месеци и со претходната година.

За производите кои сега добија замрзнати цени министерот Бектеши вели дека заедно со Министерството за земјоделие и со Царинската управа направиле целосна анализа која покажала дека некои производи во март имале маржи по 250 %.

Слични Објави