Почнуваат санкциите за трговците кои не ги почитуваат правилата за воведување на еврото во Бугарија
Од денеска во Бугарија почнува спроведувањето на ефективни санкции за трговците кои не ги почитуваат одредбите на Законот за воведување на еврото. Периодот на адаптација, во кој институциите издаваа само предупредувања и насоки, завршува, а започнуваат заедничките инспекции на Комисијата за заштита на потрошувачите (КЗП) и Националната агенција за приходи (НАП), јавува БГНЕС.
Според властите, на казни ќе бидат изложени компаниите кои, без постоење на економски оправдани причини — какви што во моментов нема — неоправдано ги зголемуваат цените на своите производи.
Законот обврзува сите 256 идентификувани трговци на мало со храна, пијалоци и лекови, кои во претходната година оствариле промет над 10 милиони лева, секојдневно да објавуваат информации во машински читлив формат за цените на производите што се дел од големата потрошувачка кошница. Податоците ќе се анализираат преку платформата „Колку чини“ (Kolkostruva.bg).
Следењето на нивото на цените ќе се врши според критериуми за економска оправданост. За да има оправдано поскапување, мора да се забележат промени во структуралните компоненти на цената – како што се трошоците за електрична енергија, гориво, плати, социјални придонеси и други оперативни расходи на компаниите.
„Во отсуство на такви промени, секое зголемување на цените ќе се смета за неоправдано,“ изјави бугарскиот премиер Димитар Желјазков.