| |

РАБОТНИЧКА ОД ФИРМА ВО КАВАДАРЦИ Е ТЕШКО ПОВРЕДЕНА

Тешко е повредена работничка во фирма во Кавадарци, соопшти МВР.

„ Работничката М.Д.С.(37) од село Бегниште со тешки телесни повреди е донесена во Општата болница во Кавадарци. Таа се повредила при извршување на работни задачи во фирма во Кавадарци“, стои во соопштението.

Настанот во полицијата е пријавен од Општата болница во Кавадарци.

Известен е и јавен обвинител и трудов инспектор, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци.



Слични Објави