| |

Здружението „Бисерни бранови“ организираше работилница за правење мартинки

Граѓанското здружение Бисерни бранови од Охрид организираше креативна работилница за изработување мартинки.

„По повод доаѓањето на пролетта, организиравме креативна работилница за изработување мартинки. Со многу насмевки, црвено-бели конци и детска радост, учесниците имаа можност да ја запознаат традицијата и симболиката на мартинката – здравје, среќа и нов почеток. Работилницата помина во пријатна и топла атмосфера, поттикнувајќи дружење, креативност и зачувување на народните обичаи“, стои во информацијата објавена од здружението „Бисерни бранови“, на неговата Facebook страница.



Слични Објави