Почнуваат тридневните свечености по повод 1160 години од покрстувањето на Бугарите
Почнуваат тридневните свечености по повод 1160 години од покрстувањето на бугарскиот народ и 1170 години од создавањето на бугарската азбука, организирани од Варненската и Великопреславска митрополија на Бугарската православна црква, јавува БНР.
Прославите ќе се одржат во Варна, Плиска и Шумен, а бугарскиот патријарх Даниил ќе ги предводи свечените богослужби за двете годишнини.
Вечерва од 18:00 часот тој ќе ја води празничната служба во митрополитскиот катедрален храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Варна, како и утринската литургија на 2 мај. Во петок вечерта Неговото Светејшество ќе служи молебен во дворот на Големата базилика во Плиска, каде што подоцна вечерта ќе се одржи празничен концерт.
Во сабота – 3 мај, патријархот Даниил ќе биде пречекан во Шумен, каде што ќе служи молебен во црквата „Свети Три Светители“. По повод двете историски годишнини, во недела во Универзитетот во Шумен ќе се одржи пленарна научна сесија.