|

Почувствуван земјотрес во Битола

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 18 часот и 18 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 115 km јужно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Битола-Лерин, со Рихтерова локална магнитуда ML2.6.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Битола и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.



Слични Објави