ПОДМЕТНАТА БОМБА ВО ВОЗИЛО НА ПОРАНЕШЕН ТЕЛЕВИЗИСКИ ВОДИТЕЛ ВО АВГАНИСТАН

//

Поранешниот водител на авганистанската телевизија „Толо“, Јами Сиаваш, загина со уште две лица, откако екслодираше неговиот автомобил во кој била поставена бомба. Кабулската полиција објави дека истрагата е во тек, дека идентитетот на другите двајца убиени цивили сè уште не е познат, како и дека никој не ја презеде одговорноста за овој атентат, пренесе АП.

Насилството и хаосот се вратија во Авганистан во последните месеци: 22 лица, претежно студенти, беа убиени во напад на Универзитетот во Кабул минатата недела, а уште 24 беа убиени во напад на друга образовна институција во Кабул на 24 октомври.Исламска држава подоцна ја презеде одговорноста за двата смртоносни напади во главниот град на Авганистан.

Зголемувањето на насилството се совпаѓа со мировните разговори во Катар предводени од авганистанската влада со талибанските власти во обид да се стави крај на повеќедецениската, брутална војна во Авганистан.

Светските медиуми јавуваат дека досега е постигнат едвај забележителен напредок во мировните разговори меѓу двете страни, кои беа услов во американскиот договор со талибанците за повлекување и прекинување на 19-годишното американско воено присуство во Авганистан.



Извор: Макфакс

Претходна статија

ГРЦИЈА ОД ДЕНЕСКА ВО КАРАНТИН: ДО КРАЈОТ НА НОЕМВРИ ЌЕ РАБОТАТ САМО МАРКЕТИ И АПТЕКИ

Следна статија

ПРИВЕДЕНИ ДИЛЕРИ НА ДРОГА ОД АЛБАНИЈА, ЗАПЛЕНЕТА МАРИХУАНА

Најново од Вести