Поднесени над 100 кривични пријави за српски злосторства во Косово во војната од 1998-99 година

/

Во косовската полиција денеска се предадени околу 100 кривични пријави за злосторства од страна на српските воени, полициски и паравоени сили во војната во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Пријавите ги поднесе граѓанското здружение „Ѓаковица ’98-‘99“, чии претставници изјавија дека доставиле бројни докази, меѓу кои и за стотина лица за кои се претендира дека извршиле масакри врз цивилното население во споменатата област.

Претседателката на здружението, Шкендије Хоџа изјави дека, според досега собраните информации, околу 7.300 лица учествувале во масакрите во општина Ѓаковица во последната војна.

– Имаме вртоглава бројка која сме ја пронашле во листите со имиња на учесниците, било платеници, било редовни припадници од разни формации и бригади кои оперирале во оштина Ѓаковица. Засега сме идентификувале над 7.300 учесници во војната во оваа општина. Продолжуваме и понатаму, бидејќи се долги списоците и треба да внимаваме да не се повторуваат имињата на злосторниците, изјави Хоџа.

Портпаролката на здружението „Ѓаковица ’98-‘99“, Лиридона Бинаку изјави дека е предаден 16-тиот контигент кривични пријави за злосторства од страна на српските сили во таа општина.



– Сите пријави се документирани, со фотографии кои ги поседува здружението: од масакри врз деца, старци, мајки итн. Има доволно докази што ги документираат извршените злосторства. Во сите пријави се наоѓаат имињата на сторителите, затоа што се познати сите српски злосторници кои извршија злосторства во Ѓаковица,изјави Бинаку.

Извор: Zoom. mk



Претходна статија

Петровска во посета на Воениот колеџ на копнената војска на САД во Пенсилванија

Следна статија

Николовски: Пари за субвенции има, ќе се исплатат за 20 000 тутунопроизводители

Најново од Вести