Како да ја препознаете петтата колона на Скопје во Бугарија?

//

Facebook статус на Кирил Илиев, историчар и меѓународен уредник во dividend.bg.

Кирил Илиев е докторант во Институтот на балканистика кон Бугарската академија на науки. Автор е на научни и публицистички написи поврзани со бугарското национално прашање и историјата на Бугарија и на Балканот. Работел како продуцент, уредник, репортер, учител по историја и географија, образовен инспектор а во моментот е уредник за меѓународни вести во бугарскиот интернет сајт dividend.bg. Неговите интереси се во областа на историјата, политиката и геополитиката.

Напишано пред две години…
Знаете ли како можете да ја препознаете петтата колона на Скопје во Бугарија?
Многу е едноставно.
Секое бугарско барање, без разлика дали е праведно и оправдано врз основа на историска вистина, се прифаќа и се толкува како провокација насочена кон внесувањето на С. Македонија во орбитата на српското влијание (како некогаш да излегла од таму). Секој обид за одбрана на историјата и сеќавањето на Бугарите во Македонија се објаснува како агресивен национализам и манифестација на политичка агресија врз братска држава.
Слично на тоа, секое тврдење, секоја провокација, секоја кражба на бугарската историја, секој обид за омаловажување на придонесот на Бугарија во светското културно наследство, секоја директна навреда и секој обид за виткање раце се доживуваат како праведна борба за правото на РС Македонија да го валка и да го менува споменот на титаните на БМОРК/ТМОРО/ВМОРО/ВМРО, со постфактум манипулирање со нивниот национален идентитет.
Ќе ги препознаете по тоа што избезумено ја бранат С. Македонија во нејзината желба еднострано да ја користи бугарската историја градејќи ги своите државни основи врз неа, и да се ослободи од било какви претензии на патот кон ЕУ.
И запомнете!
Апологетите на Република Македонија не ги интересираат бугарските национални и државни интереси – ниту ги знаат, ниту се грижат за нив.
Од друга страна, тие се директно заинтересирани С. Македонија да го наруши правото на Бугарија да ја брани својата историја.
Овие крипто клакери на македонизмот со пена во устата ќе ви објаснат дека Македонците имаат право да бидат што сакаат и Бугарија нема право ниту да ги попречува ниту да им се меша во правото на самоопределување, истите ќе молчат како зајак во грмушки, кога скопските политички фалсификатори на историјата ќе го претстават Гоце Делчев како „политички Македонец“.
Овие нови христијани и предводници на копнежите на С. Македонија за доминација во бугарската историја ќе ве пцујат и навредуваат ако се обидете да ја одбраните бугарската позиција и правото на глас.
Ќе активираат тролови и ќе даваат компромитирачки изјави.
Тие ќе користат медиуми и веб-страници за да ве стигматизираат.
Ќе манипулираат и лажат.
Ќе пишуваат осуди и клевети.
Не им верувајте на лажните пророци на доброто бугарско-македонско пријателство, ако дозволиме отровот на македонизмот да ги труе почвата и воздухот во Македонија.
Храброст, смелост и решителност!
Ние ќе се справиме со сите нив!





Претходна статија

Која е разликата помеѓу македонството и македонизмот?

Следна статија

Радев: Нема услови за моја посета на Франција

Најново од Ваш став

Денот на булките

Facebook статус на Никица Корубин Деновиве во Велика Британија се сеќаваат на жртвите од Првата светска