| |

ВМРО-ДПМНЕ нуди “репреговарање” со Бугарија за непреговарање со ЕУ, ЗНАМ чека да мине блефот, ВЛЕН признава дека нема промена на Преговарачката рамка

Facebook статус на Ивон Величковски

1. Што и со кого замислува да “репреговара” ВМРО-ДПМНЕ, кога договореното е преточено во Преговарачка рамка усогласено со сите, а не само со една ЕУ членка?

2. Нема “нови услови” ни “загрозување на идентитетот”. Тоа вчера го потврди евро-министерот Муртезани (ВЛЕН) со изјавата дека нема репреговарање на Преговарачката рамка.

Тоа е признание на Владата дека не е проблем ниту Дополнителниот протокол ниту Преспанскиот ниту Договорот за добрососедство со Бугарија, но и дека нивната примена е составен дел од владеењето на правото како критериум.

3. Со оглед на тоа, (Владата на) ВМРО-ДПМНЕ целосно се согласи со сите надворешно-политички зафати на претходната власт. Со тоа прифаќа и дека со нив всушност се заштитени и националните интереси на Северна Македонија и интересите на македонскиот и на сите други народи во земјата.

И така, со пар изјави на владини функционери паѓаат во вода сите предизборни наративи за “предавства”, “загрозување на идентитетот”…

Затоа, опозицијата мора јасно да го пресретне кочењето на интеграциите на РСМ низ подметнувањата на ВМРО-ДПМНЕ:

1. За Мицкоски и Муцунски темата “репреговарање” е само средство за одделување на преговарачкиот процес на Северна Македонија од Албанија: само така Скопје ќе мора да чека Белград да ги уредува односите со Приштина.

2. Затоа Мицкоски чека “стабилна” бугарска Влада, но одмолчува дека всушност нема прашање на кое може да бара прецизирање од Софија. Скопје преговара со Брисел.

3. Патоказот по дополнувањето на Преамбулата е јасен, целосен и се посветува на прашањата на владеењето на правото, економијата, екологијата, земјоделството… односно она што е од интерес на граѓаните, а не на партиите.

4. Барањето за репреговарање на дел од документ од една страна значи подготвеност за репреговарање и на други делови од него. За што друго би репреговарало ВМРО-ДПМНЕ тогаш? За јазикот на пр.?

5. Додека ВМРО-ДПМНЕ бара етно-партиско единство за се да продолжи по старо меѓу елитите на системските Македонци, опозицијата е и за внатре-етнички и за национален консензус за конкретни чекори кон интеграциите, од кои првиот се уставните дополнувања.

ЕУ-интеграциите не се флоскула, туку припадност во системска, пазарна, финансиска, транспортна, енергетска… целина на стандарди и пракси. Но и прашање од демографско значење, со оглед на проекциите дека со ваквиот степен на “развој” РСМ за 25 години ќе изгуби 25% од своето вкупно денешно население.

Точно е и дека отворањето на досиејата на старите служби е еден од условите во преговорите.

Затоа да кажеме и дека со блокирањето на интеграциите, Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалиционери јасно покажуваат дека немаат обврска пред граѓаните, туку пред југо-тајкуните произведени од службите, со распоредено влијание во партиите, коморите, бизнисот, медиумите, (право)судството…



Слични Објави