Поднесено обвинение за три лица и една компанија за пожарот во модуларната болница во Тетово

/

Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против три физички и едно правно лице во врска со пожарот во Модуларната болница во Тетово.

Двајцата првообвинети се товарат дека сториле по едно кривично дело – Тешки дела против општата сигурност по чл.292 ст.4 в.в. со чл.288 ст.4 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик, третиот обвинет сторил кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија по чл.206 ст.1 од Кривичниот законик, додека обвинетото правно лице сторило кривично дело – Предизвикување општа опасност по чл.288 ст.5 в.в. со ст.4 в.в. со ст.2 и кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно чл.206 ст.2 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик.





Претходна статија

Стратешкиот дијалог со САД ги испорача првите резултати, 4,3 милиони долари за Северна Македонија за владеење на правото

Следна статија

(Видео) Перев: Груевски го претвори терминот „Македонец“ од регионален идентитет во национален идеал

Најново од Вести