ПОЕВТИНУВААТ БЕНЗИНОТ И ДИЗЕЛОТ
Регулаторната комисија за енергетика ќе ги објави новите цени на нафтените деривати кои ќе почнат да важат од полноќ. Пред две недели Регулаторната комисија за енергетика определи за 1 односно 1,5 денари повисока цена на бензините и за 2 денари на дизелот. Во моментов литар дизел чини 69 денари, 98 октански супер 76,5 а 95 октанскиот за 74,5 денари.