ПОГБА МУ ВЕЛИ ЗБОГУМ НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

Пол Погба одлучил да си замине од Манчестер јунајтед уште во јануарскиот преоден рок, пишува францускиот весник „Лекип“.

Фудбалерот од средниот ред преку својот агент Мино Рајола ќе побара трансфер од Манчестер јунајтед и тоа уште зимава. Тој верува дека премиерлигашот сезонава нема никакви шанси да се бори за голем трофеј, па сака да ја искористи полусезоната да се адаптира во новиот клуб, а веќе од идната сезона и целосно да се наметне.

Иако се споменува дека Јувентус е сериозен во намерата да го врати Погба во Торино, сепак, фудбалерот го преферира Реал Мадрид. Зинедин Зидан веќе подолго време „флертува“ со својот сонародник и многу лесно може да се случи тој да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Погба се врати во Манчестер јунајтед во летото 2016 година за 105 милиони евра од Јувентус. Неговиот актуелен договор со „ѓаволите“ е до јуни 2021 година.

Извор: Спорт1



Слични Објави