Поглаварот на Англиканската црква архиепископот на Кантербери Џастин Велби испрати телеграма со сочувство до бугарскиот амбасадор во Лондон и Светиот синод на БПЦ по повод смртта на патриархот Неофит
Архиепископот на Кантербери и поглавар на Aнгликанската црква, Неговата Светост Џастин Велби, испрати телеграма со сочувство до амбасадорот на Бугарија во Обединетото Кралство, неговата екселенција Маријан Рајков и до Светиот синод на Бугарската православна црква, поради кончината на бугарскиот патријарх Неофит.

,,Ваша екселенцијо, бев многу ожалостен откако вчера разбрав за смртта на неговата Светост патријархот Неофит. Знам колку важен беше тој како духовен лидер за многу од вашите сограѓани и сум сигурен дека многу ќе ви недостасува. Би Ви бил многу благодарен ако го пренесете моето сочувство до членовите на бугарската Православна црква во Лондон и до клирот на катедралниот храм ,, Александар Невски ” во Софија. Јас ќе ја спомнувам вашата земја и вашата Православна црква во моите молитви” , стои во телеграмата со сочувство на архиепископот Џастин Велби испратена до амбасадорот Рајков и Светиот синод на БПЦ .

