ПОГЛЕДНЕТЕ КОЈ Е РЕАЛНИОТ ЛИК ШТО БИЛ ПРОТОТИП НА ПОПАЈ МОРНАРОТ

Авторот на стрипови Elzie Crisler Segar како темел на историјата за својот најпознат цртан лик Попај Морнарот, го користи локалниот зевзек морнарот Френк „Роки“ Фиџел.

Фиџел имал едно око, сакал да пуши луле, учествувал без страв во речиси сите улични тепачки во неговиот град (Честер, Илиноис, родно место и на авторот Сигер), а освен тоа и се фалел дека има натчовечка сила.