| |

ХАЗБИ ЛИКА СО НАЈМНОГУ РОДНИНИ ВРАБОТЕНИ НА ДРЖАВНА ЦИЦКА

Според податоци на ДКСК, може да се заклучи дека најмногу роднини вработени во државни институции од министрите во Владата до Антикорупциската комисија има пријавено Хазби Лика, заменик на претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, јавува Макфакс, а пренесува Точка.

Тој по доаѓањето на функцијата пријавил дека негов братучед е член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапки од работен однос во втор степен, друг негов братучед е директор на Македонски железници – инфраструктура од 2011 година, а негова роднина е професор во средното медицинско училиште во Тетово од 2013 година.

Слични Објави