Претседателот на Кривичен суд контра анкетите: Довербата расте
„Моето мислење е дека расте довербата, иако анкетите се такви какви што се“. Вака претседателот Иван Џолев, ја коментира перцепцијата на граѓаните кон Кривичниот суд. Пред новинарите посочи дека минатата година имаат историски најголем број на случаи кои добиле пресуди. За критиките од Судскиот совет упатени за неажурноста на судот не навлагаше во детали. Нагласи дека имаат недостаток од 25 судии. Џолев не знае кои дали некој од слушателите на Академијата за судии и обвинители, кои се деца на политичари ќе завршат како судии во Кривичен суд.
„Не знам колку судии ќе дојдат, односно ќе бидат избрани за Кривичен суд. Тоа се анализи на Судскиот совет. Тие се доделуваат на секој суд согласно потребите. Во секој суд во Македонија има намален број на судии. Јас мислам дека ни се поголем број на судии. Се намали број на судии, а се зголеми бројката на предмети, а во најава има уште неколку судии ќе одат во пензија или почетокот на наредната. Сметам дека бројката за Кривичен суд треба да биде од пет па нагоре“, рече Џолев, прашан колку кандидати од Академијата очекува да бидат судии во Кривичен.
За критиката од Судскиот совет дека Кривичен суд е неажурен, посочи дека не му е јасно како минатата година имале оценка дека се ажурни иако имале помалку решени предмети. А пак сега, дека се прогласени за неажурни а имаат поголем број решени предмети.
„Овој суд во 2022 година има решено рекордни, никогаш повеќе судски предмети, во изминатите 50 години, 107 илјади предмети. Има огромен наплив на нови предмети, околу 110.000 предмети. Претходната година кога сме решиле помалку предмети сме биде поажурни, тогаш беа 104 илјади решени предмети. И тоа беше рекорд. Сега имаме помалку судии и повеќе решени предмети“, додаде Џолев.
Како за споредба, во 2021 година во Кривичен суд суделе 50 судии, а имало помалку предмети од сега. Тогаш, проценката била дека недостасуваат уште 25 судии за да може работата да тече нормално.

