|

Покачување на цените на земјоделските производи, најголемо кај зеленчукот

Од јули минатата година до крајот на јули годинава, најголем пораст на цените во земјоделското производство е забележан кај зеленчукот – 63,3%, потоа кај овошјето и грозјето со 33,2%, како и кај вината со 18%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Житата и оризот поскапеле за 2,2%, а компирот за 7,1% на годишно ниво. Вкупно, цените на растителното земјоделско производство пораснале за 39,9%, додека кај добиточната храна растот изнесува 6,5%.

Статистиката покажува дека во јули на годишно ниво цените во земјоделството се зголемиле и кај инпутот и кај аутпутот. Кај инпутот – трошоците во производството и инвестициите – има зголемување од 2,8% за тековно потрошени средства и 6,9% за инвестициони средства.

„Највисок раст од 39,1% е забележан кај цените на ветеринарните услуги, добиточната храна (11,3%) и одржувањето на зградите и опремата (10,9%)“, наведува ДЗС.

Намалување е регистрирано кај енергијата за 5,7%, средствата за заштита на растенијата за 1,4%, семињата за 0,3% и ѓубривата за 0,6%.



Слични Објави