Зеленски: Москва продолжува да убива и не сака крај на војната
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија продолжува да убива луѓе и не покажува намера да стави крај на војната, само неколку часа пред почетокот на средбата на врвот меѓу претседателите на Русија и САД во Алјаска, јавува БГНЕС.
„Нема наредба, ниту сигнали од Москва дека се подготвува да ја заврши оваа војна… тие убиваат и во денот на преговорите“, рече Зеленски во обраќање објавено на социјалните мрежи.
