Шаленберг: „Заклучување“ на невакцинираните за време на божиќните празници
Австрискиот канцелар Александар Шаленберг оценил дека зимата и божиќните празници ќе бидат непријатни за невакцинираните граѓани.
Според неговите зборови, заклучувањето за невакцинираните, како што сега стојат работите, најверојатно е неизбежно.
Истовремено одбил “локдаун” за вакцинираните.
“Не гледам зошто две третини од граѓаните треба да ја изгубат слободата поради третина кои не се вакцинираат. За мене е јасно дека нема да има заклучување за вакцинираните од солидарност за невакцинираните”, нагласил тој.
Смета дека тоа би било несфатливо и дека би ги уништило сите поттици за вакцинација.
Шаленберг вели дека ни од демократски агол не гледа зошто мнозинството треба да биде заложник на малцинството.
Поради тешката епидемиолошка ситуација, тој е уверен дека зимата и Божиќ ќе минат со “2Г” мерки, кои овозможуваат пристап до угостителските, забавните и културните институции само за вакцинирани и излечени од Ковид-19.
“Локдаун” за невакцинираните, според неговите зборови, е тешка, но очигледно потребна мерка.
Најавил и зголемување на притисокот за контрола на почитувањето на мерките.
Шаленберг укажал дека меѓународните споредби покажуваат дека вакцината носи успех, а во Австрија, констатира, стапката на вакцинација е “срамно ниска”.
