| |

ПОЛИЦАЈЦИ ЗАБЕЛЕЖАЛЕ РЕНО СО МИГРАНТИ ВО РЕОНОТ НА С.РЕЧИЦА, КУМАНОВСКО

На 17.11.2019 околу 22.30 часот, во реонот на с.Речица, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Белановце“ забележале возило „рено еспејс“, кое превезувало мигранти. Полициски службеници го пронашле возилото, а во негова близина пронашле и седум лица мигранти од Сирија. Мигрантите биле преддени во Прифатниот транзитен центар Скопје за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Слични Објави