Полиција ја чува Арсовска додека превозниците блокираат
Интервентна полиција со панцири стои пред влезот на Градско собрание додека од другата страна на „Илинденска“ превозниците блокираат.
По пресот на Јовановски, новинарите бараат одговори од Арсовска, но никој од Службата за односи со јавност не одговара на повиците.
Камерите чекаат пред вратата на Град Скопје.
Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ денес кажа дека блокадите не само што остануваат, туку и ќе ги прошират сè додека не им се исплатат околу два милиони евра на приватните превозници.

