ПОЛИЦИЈАТА ДОБИ ДОНИРАНИ ВАКЦИНИ ОД АСТРА ЗЕНЕКА, АМА ЌЕ ГИ ,,ТРАМПА” СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО, ЗОШТО ГРАНИЧНИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ СЕ ПОМЛАДИ ОД 60 ГОДИНИ

/

Донацијата од шест илјади вакцини Астра Зенека, што македонските гранични полицајци ја добија од Унгарија, нема да заврши кај нив, затоа што повеќето се помлади од 60 години а за таа возрасна категорија во земјава е забрането да се примаат вакцини од овој производител.

Како што дознава „Слободен печат“, откако граничната полиција вчера доби донација од Унгарија за луѓето кои ја штитат државната граница и секојдневно се соочуваат со проблеми на илегална миграција, решено е тие дози од Астра Зенека, да му бидат предадени на Министерството за здравство. Потоа Мнистерството за здравство, како замена на граничната полиција ќе и даде вакцини од Синофарм, што може да се аплицираат на помлади од 60 години, какви што се поголемиот број на граничните полициски службеници.

,,Припадниците на полицијата не се вакцинираат на територијата на Република Србија. МВР доби донација од Унгарија од 6 илјади дози од вакцината Астра Зенека кои нема да бидат наменети за припадниците на полицијата, туку за нив ќе бидат обезбедени 6 илјади дози вакцини Синофарм, а вакцините од донацијата ќе бидат искористени за вакцинација и ревакцинација на граѓани над 60 годишна возраст”, велат од Министерството за здравство за Слободен печат.



Целиот напис прочитајте го овде.

Претходна статија

ЗАЕВ-БЛЕР: ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА СТАВИ ПРЕПРЕКА НА НОВИТЕ НАЦИОНАЛИЗМИ

Следна статија

НОВИ 23 ПАЦИЕНТИ ЗА 24 ЧАСА ВО КОВИД ЦЕНТРИТЕ ВО СКОПЈЕ, СЕ ЛЕКУВААТ ВКУПНО 262 ЛИЦА

Најново од Вести