ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИЛА ЛАКИ АРАМБАША-УЧЕСНИК ВО НАСТАНИТЕ ОД 27 АПРИЛ

Синоќа околу 21:30 часот полицијата го уапсила Светозар Петровиќ, осуден на 18 месеци затвор за „лажно идентификување“, инаку познат на МВР по тоа што беше еден од членовите на протестите „За заедничка Македонија“ кои влегоа во Собранието на 27 април, јавува Курир.

Познатиот како „Лаки Арамбаша” активен член на ВМРО-ДПМНЕ е уапсен во куќа во скопската населба Кисела Вода. Поради извршната одлука Петровиќ веднаш бил испратен во затворот Идризово.

„Лака Арамбаша” беше еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија”, а обвинителството за организиран криминал и корупција го гони за организирање на насилството во Собранието.