| |

ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ГО ПРЕКРШИЛЕ 12 ЛИЦА, ЗА НЕНОСЕЊЕ МАСКА ИЗРЕЧЕНИ 408 КАЗНИ

Вкупно 12 лица ќе бидат санкционирани проади тоа што ја прекршиле забраната за движење во текот на полицискиот час кој почна да се применува од синоќа во 22 часот, информира МВР.

Дел од раководството на МВР, предводено од министерот Оливер Спасовски синоќа направи увид во спроведувањето на ограничувањето на движење во Скопје, Тетово, Куманово, Велес и други градови.

-Апелирам граѓаните да ги почитуваат мерките, на тој начин ќе придонесат во борбата против Ковид-19. Секако, за оние што не почитуваат ќе има прекршочни и кривични санкции, рече Спасовски.

Кривичниот законик предвидува парична казна или затвор до една година за физички лица, а парична казна до 30 милиони денари за правни лица за ваков вид престап. Непочитувањето на забраната за движење значи извршување на кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Инаку, од МВР информираат и дека во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење заштитна маска како превенција од корона вирусот, регистрирани се 408 прекршоци.

Слични Објави