Полињата во Кочанско во пламен, пожарникарите со зголемен број интервенции

/

Територијалната противпожарна единица од Кочани во последните два дена интервенира и по десетина пати дневно за гаснење пожари на отворен простор, предизвикани од палењето на стрништата во нивите, пренесува ТВ 21.

Целата единица со сите возила и персонал постојано е на терен во полскиот регион и е оневозможена да интервенира на објекти во урбаните средини, поради што упатен е јавен апел до земјоделците да не ја палат сламата и остатоците од есенската жетва на житните култури.

„Само вчера имавме четири интервенции во исто време на земјоделски парцели на различни локации и се соочивме со силен оган предизвикан од запалени стрништа. Пожарите, помогнати од ветерот, брзо се проширија на поголема површина и беа општа опасност за куќите и помошните објекти во селата Прибачево, Грдовци, Мојанци и Кучичино. Додека нашите екипи беа во полето, добивме повик за интервенција на пожари во викендичка во Кучичино и во куќа на улицата „4 Македонска бригада“ во градското подрачје на Кочани. “



Целиот напис про;итайте го овде.

Претходна статија

Радев: Правата на македонските Бугари треба да бидат загарантирани со впишување во Уставот на државата

Следна статија

СДСМ: Мицкоски да прекине да опструира, предвремени избори нема да има

Најново од Вести