|

Полска е подготвена да ја брани својата територија по инцидентите со руски дронови

Полскиот претседател Карол Навроцки изјави дека земјата е подготвена да ја „брани својата територија“ по инцидент во кој Варшава ја обвини Русија за нарушување на нејзиниот воздушен простор со беспилотни летала. Изјавата на Навроцки доаѓа по серија настани, меѓу кои и нарушување на воздушниот простор на Естонија од руски воени авиони, што предизвика остра реакција од НАТО, јави АФП, пренесува БГНЕС..

„Полска секогаш ќе реагира соодветно и е подготвена да ја брани својата територија. Полскиот народ, како и државите од Централна и Источна Европа, нема да се исплашат од руските дронови,“ рече Навроцки во своето обраќање пред Генералното собрание на ООН.

Тој додаде дека Полска и нејзините партнери „не даваат согласност на безмилосните провокации на Москва против нас и другите европски нации, кои ги тестираат нашите реакции и се обидуваат да ги заплашат нашите општества“.

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека земјите од НАТО треба да ги соборуваат руските авиони што го нарушуваат нивниот воздушен простор.

Инцидентот со руските авиони-ловци на 19 септември, кога вооружени авиони го прекршија естонскиот воздушен простор за 12 минути, ја натера Алијансата да крене свои изтребувачи и доведе до барање за итна седница на Советот за безбедност на ООН.

Слични Објави