ПОМИНАА 40 ДЕНА ОД СМРТТА НА НИКОЛА САЗДОВСКИ – САЗДО

Вести Истакнато Македонија

Денеска навршуваат 40 дена од смртта на Никола Саздовски- Саздо, кој до смрт беше претепан во скопска Автокоманда.

Настанот се случил на 29.06.2018 година околу 17:30 часот кога Саздовски бил нападнат од Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје.

Саздо неколу дена беше во кома, а потоа им подлегна на повредите.

Навивачи од групата „Комити“, чиј член беше и Саздо, денес ќе присуствуваат на одбележувањето 40 дена од смртта на момчето.

Инаку, двајцата напаѓачи на Саздовски се наоѓаат во притвор, додека третиот осомничен е се уште во бегство.

Извор: СВЕСТ.мк