ШВАЈЦАРИЈА ГИ ЗАБРАНИ МЕРЦЕДЕС-БЕНЦ И ПОРШЕ

Вести Забава Истакнато Магазин Разно Свет

Швајцарската влада забрани да се регистрираат некои модели на Порше и Мерцедес, опремени со „нечисти” дизел мотори со еколошки опасен издувен гас. На оваа сериозна мерка, раководството беше принудено поради ригидноста на европските закони за нивото на штетни гасови. Се чини дека БМВ, Јагуар и Волво триумфираат кога се работи за ова прашање.

Автомобилите што веќе се во рацете на купувачите и беа регистрирани пред 17 август, ќе останат на патиштата на Швајцарија, иако сопствениците се должни да ги испратат своите возила на доработка, пишува весникот Automotive News.

Да се потсетиме дека Фолксваген, како и Дајмлер веќе беа казнети за фалсификување на податоците за нивото на емисии на нивните дизел мотори. Последната „афера” слична на оваа избувна во Германија, каде што Ауди беше принуден да се повлече 60.000 дизел мотори.