ПОМИНАА ЅВЕЗДИТЕ ОД КИЛ, КОЈ ЌЕ БИДЕ ЈУНАК ДА КУПИ БИЛЕТ ЗА СЛЕДНИОТ МЕЧ НА ВАРДАР?

По едно од најтешките гостувања во последниве години, Вардар се враќа во Скопје за два домашни натпревара во Лигата на шампионите едноподруго. На својата официјална страница РК Вардар објави дека пуштени се во продажба билетите за дуелите со Мешков и со Кјелце.

Досега поминаа две домашни кола за Вардар, во кои се соочи со Порто и со Кил, а не е тешко според имињата на противниците да погодите на која средба „Јане Сандански“ беше полна, а на која – не.

Сега повторно доаѓаме до иста ситуација се двата натпревара кои следуваат. На 3 ноември во Скопје доаѓа Мешков Брест, веќе „изџвакана“ екипа, не само од соочувањата во ЛШ, туку и од СЕХА-лигата, но во прв план е нејзиниот поскромен квалитет и рејтинг во однос на Кил, Веспрем и Кјелце.

Јунаците и вистинските навивачи на Вардар и љубители на ракометот ќе се познаат на овој меч, за кој цената на билетите е иста како и досега: 350 со 400 денари. Резултатите на Вардар паднаа драстично, клубот се посрамоти и со Кил и со Веспрем, но билетите се тие, испланирани од почетокот на сезоната, да соодвествуваат и со околу четири илјади веќе продадени сезонски.

По делот со Мешков, на 9 ноември во Скопје доаѓа Кјелце. Исто стар познаник, но екипа со далеку поголема магнетна сила, кога се во прашање навивачите, па како и во претходните случаи и овде се очекува дополнително пуштање за билети за стоење. И за оваа среда цените се исти, а продажбата на билетите почнува денеска, од 12 часот на билетарницата во „Јане Сандански“.



Извор: Спорт1



Претходна статија

НЕВЕРОЈАТНО: ПЛИВАЧКАТА БЛАЖЕВСКА НА ИСТ МИТИНГ УРНА ДУРИ 11 МАКЕДОНСКИ РЕКОРДИ!

Следна статија

ЗИДАН ВО НОВИ ПРОБЛЕМИ: РЕАЛ БЕЗ ДВЕ ЅВЕЗДИ ЗАМИНА ЗА ИСТАНБУЛ

Најново од Спорт